Норвешка ја одбележува втората годишнина од масакрот на Брејвик

Од:

Норвешка денеска ја одбележува втората годишнина од маскарот што го изврши десничарскиот екстремист Андрес Брејвик.

Како што јави ДПА, норвешкиот премиер Јенс Столтенберг положи венец пред зградата на Владата во Осло, во спомен на 77-те жртви на маскрот и во кусиот говор пред владиниот комплекс, што исто така беше цел на нападите, тој ги повика граѓаните да бидат единствени и да ја зачуваат својата верба во основните вредности на норвешкото општество.

– Должни сме да не се откажуваме од нашите вредности, што беа нападнати на 22 јули: човечноста, различноста, солидарноста и отвореното општество. Тие се нашето најмоќно оружје и најсилна заштита против насилството и теророт, нагласи премиерот.

Норвешка треба да е отворена демократија, каде секој ќе може да живее без страв, додаде тој.

Во август минатата година Андерс Брејвик беше осуден на 21 година затвор за поставувањето бомба во зградата на Владата и масовното убиство на млади лица собрани на политички камп на островот Утоја, во близина на Осло.

Во двата напада беа убиени вкупно 77 лица. Тоа беше најкрвавиот акт на насилство во Норвешка од Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани