Македонските претставници на Детскиот Евросонг, Кристина, Анастасија, Миха и Филип, кои на јавноста и се познати како децата од „Дајте музика“ ја имаа првата проба на сцената во Париз, каде в недела ќе се одржи големиот европски музички фестивал.
Видеото кое е објавено денеска веќе има повеќе од 55.000 прегледи на Јутјуб, а фановите на Детскиот Евросонг не кријат дека македонската песна „Грин форсес“ им е фаворит на натпреварот.
Песната е на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков.
Детскиот Евросонг ќе се одржи в недела, на 19 декември, а директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.