Иванов: Стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде дел од ЕУ

Од:

Бугарија не треба да го менува својот став кон Република Северна Македонија, изјави денеска копретседателот на коалицијата Демократска Бугарија, Христо Иванов, додавајќи дека позицијата на Софија е оти во нејзин национален интерес е двете земји да бидат дел од европското семејство.

– Наш стратешки интерес е Северна Македонија да биде дел од ЕУ, но со почитување на Договорот за пријателство, додаде Иванов, чија коалиција е дел од новата бугарска Влада.

Според Иванов, како што јави дописникот на МИА од Софија, новата Влада не ја менува позицијата на Бугарија кон земјава, туку се залага за изнаоѓање пристап заедно со властите во Скопје „за остварување и на двете цели“.

Би можело да ве интересира

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас