Позицијата на Бугарија за РС Македонија не е променета, рече Кристијан Винегин

Од:

Позицијата на Бугарија за Република Северна Македонија не е променета. Тоа го изјави пред новинари во Парламентот Кристијан Винегин, заменик-претседател на Народното собрание.

Винегин потсети дека вчера Министерството за надворешни работи ја потврдило таа позиција на Советот за заеднички работи на ЕУ.

– Таа позиција се наоѓа и во коалицискиот договор. Таму исто така е запишано дека се поддржува широк консензус во Бугарија по тоа прашање, коментира Винегин.

Винегин им препорача на новиарите да ги видат и оргиналните текстови на интервјуата. Тој алудира на интервјуто на премиерот Кирил Петков за „Фајненшел тајмс“.

– Начинот на кој е цитирано интервјуто во бугарските медиуми, не е тоа што се наоѓа во оргиналниот текст. Одново истакнувам – бугарската позиција останува единствена, таа е истата што е потврдена со одлуката на Народното собрание. Во нашиот договор пишува дека таа позиција останува и ќе биде надградена со идеи за нови заеднички комисии, за соработка во одделни области, рече Винегин.

Според него, додека Република Северна Македонија не ги исполни ангажманите кон бугарската страна, нова позиција по тие прашања не може да има, и засега Бугарија не може да даде согласност за старт на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини