(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард

Од:

„Кога го претставуваа како дечкото од Харвард, дипломец, молкум се смешкаше, ама гласен е кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард. Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард, туку посетил тридневен скап курс од каде што не се издава диплома“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиунот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, исто како Зоран Заев влегува со лага, се правда со заевизам.

Димитар Ковачевски нема ниту еден милиметар отстапка, и нема да отстапи од штетните и погубни политики на заевизмот.

Ковачевски не е ништо подруго од добивме датум, 500-тини километри автопат, 500-тини евра плата, европско здравство, додека го дишам овој македонски воздух.

СДСМ со Ковачевски не отстапува од патот на заевизмот и лагите, патот на криминалот и на корупцијата.

Човекот кој што молкум одобрува и шири лаги за себе, нема граници за се понатаму за што да шири лаги!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче