Приведени двајца дилери од Кавадарци, пронајдена дрога

Од:

Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера ги лишиле од слобода М.К.(18) и О.Н.(25), двајцата од Кавадарци затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Околу 18.00 часот на ул.„Младост“ во Кавадарци, информираа денеска од МВР, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.

При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К..

– Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР