„Дисперирани базни станици“ за вадење лични документи во општините Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Од:

Проектот „Дисперзирани базни станици“ од денеска почна да функционира во Полициските станици во Бутел, Кислеа Вода и Ѓорче Петров, а е наменет за вадење биометриски лични документи.

Канцеларијата каде што дисперзирано ќе се издаваат лични документи во Полициската станица во Бутел денеска ја посети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалниците на општините Бутел, Кисела Вода и на Ѓорче Петров, Петре Латиновски, Билјана Беличанец Алексиќ и Сокол Митревски.

– Ова беше барање на граѓаните пред се од населените места во општините кои се прилично оддалечени од централната позиција каде се издаваат лични документи – објектот на МРТВ, изјави Јанкулоска, додавајќи оти 167 илјади граѓани кои живеат во населените места од овие општини, ќе можат да ги добијат документите во ваквите дисперзирани канцеларии.

Канцелариите ќе работат од 10 до 18 часот, но ако има потреба ќе се разгледа и можноста за двосменско работење. И за овие канцеларии ќе може да се закажува преку повикувачкиот центар, со тоа што граѓаните ќе бидат прашани дали за документот сакаат да аплицираат и да го подигнат во дисперзираната или во централната канцеларија.

Цените на услугите, информира Јанкулоска, се исти, а единствено со дисперзираните канцеларии нема да биде опфатено постапката за итна патна исправа и за вадење прва возачка дозвола.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он