Полициски службеници од СВР Велес во 01.30 часот во Велес, го лишиле од слобода Д.П.(36) од Велес.
По преземени мерки и активности и при преглед во неговиот двор, информираат од МВР, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана и амфетамин.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.