Во Брисел средба Попоски-Венизелос

Од:

Перспективите за напредок во евроинтеграциите под тековното литванско и следното грчко претседавање со ЕУ, изгледите за динамизирање на дијалогот околу разликата за името, перцепциите за различната политичка приоритетност на спорот во двете земји и ефектите од должничката и економската криза на билатерално и регионално ниво се темите на кои денеска во Советот на Европската унија во Брисел разговарале министерот за надворешни работи Никола Попоски со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос.

Како што соопшти МНР, на оваа прва средба меѓу двајцата министри Попоски ги истакна заложбите за интензивирање на македонско-грчките односи, потребата од зголемена посветеност на политичко ниво на Атина и користа од отворен пристап и непречен проток за луѓето, бизнисите и идеите меѓу двете земји.

Воедно, шефот на македонската дипломатија, се додава, го истакна интересот за фокусиран дијалог на сите нивоа, особено на највисоко политичко ниво, за да се надмине единствената билатерална разлика.

Министерот за надворешни работи Попоски престојува во работна посета на Брисел, по повод 10. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија