Најмалку две лица загинаа во поплавите во Шпанија, повеќе од 50 се евакуирани

Од:

Најмалку две лица загинаа во поплавите во северна Шпанија, а повеќе од 50 се евакуирани од погодените области, соопштија денеска властите.

За смртта на две лица во претходните три дена, владата го обвини излевањето на надојдените реки по обилните врнежи од дожд и снег.

Поради излевање на реката Ебро, властите денеска наредија евакуација на 55 жители од селата на границата на регионот Навара и Арагон, каде во сила е тревода за опасни временски услови.

Нивото на реката Ебро во некои области се искачи на 8,5 метри, со што беше соборен рекордот поставен за време на поплавите пред шест години.

Властите во Сарагоса, главниот град на Арагон со 680.000 жители, се подготвуваат за поплавите кои се очекуваат утре.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги поврза поплавите со растечките последици од климатските промени на Пиринејскиот Полуостров.

Тој најави дека Владата ќе објави декларација за „зона на катастрофа“ со која ќе се предвиди издвојување на посебни средства за подрачјата погодени од невремето.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда