Првпат во историјата израелски премиер е во посета на Обединетите Арапски Емирати

Од:

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска се сретна со престолонаследникот на Абу Даби Мухамед бин Зајед ал Нахјан, како дел од првата официјална посета на израелски лидер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од воспоставувањето на официјалните односи меѓу двете земји минатата година.

„Историски состанок: Премиерот Бенет се состана со принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан“, се наведува во соопштение од кабинетот на израелскиот премиер во врска со средбата со престолонаследникот и де факто владател на Емиратите. Во соопштението уште се посочува дека на средбата се разговарало за „прашања за унапредување на односите во економски и регионални наслови кои ќе придонесат за зајакнување на просперитетот и стабилноста на двете земји“.

Израел и ОАЕ потпишаа договор за нормализација на односите минатата година, благодарение на посредништвото на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз основа на таканаречениот Договор Аврам, серија дипломатски договори со арапските земји, вклучувајќи ги Бахреин, Судан и Мароко.

Премиерот на Израел, при пристигнувањето во Емиратите синоќа изјави дека се радува на „зајакнување на дипломатските односи меѓу двете земји“.

Бенет денеска се сретна и со министрите за индустрија и технологија и култура на Емиратите, објавија израелските медиуми.

Во интервју за официјалната новинска агенција на емиратот ВАМ, Бенет рече дека минатогодишните договори за нормализирање на односите со ОАЕ и неколку арапски земји воспоставија „нова, длабока структура за дипломатски економски и културни односи“ на Блискиот Исток.

Тој оцени дека односите меѓу двете земји се зајакнати на сите полиња и рече дека е многу задоволен од тоа, бидејќи се склучени бројни договори во областа на трговијата, истражувањето и развојот, кибер безбедноста, здравството, образованието и воздухопловството.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави