Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за санкциите против Русија

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за нови санкции за да ја одвратат Русија од инвазија врз соседна Украина, откако Москва трупа војници долж границата, јави ДПА, повикувајќи се на европски дипломати.

Тензиите растат со недели поради зголеменото воено присуство на Русија на границата со Украина.

Според НАТО, Русија собрала меѓу 75.000 и 100.000 војници што доведува до стравувања од повторување на 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.

Минатиот петок, украинската морнарица објави преку соопштение дека Русија исто така блокирала речиси 70 отсто од Азовското Море околу анектираниот полуостров Крим.

Министрите за надворешни работи на Г7 на состанокот изминатиот викенд се согласија дека Русија ако ја премине границата со Украина, тоа „ќе има огромни политички и економски последици“. Членките на ЕУ – Германија, Франција и Италија се исто така во Г7.

Министрите за надворешни работи на ЕУ треба да разговараат и за влошената економска и хуманитарна ситуација во Авганистан по повлекувањето на трупите на САД и НАТО во текот на летото.

Истиот висок функционер на ЕУ потврди за ДПА дека Европската унија првпат ќе ја санкционира Вагнер Група, руска фирма обвинета за врски со Кремљ, поради нејзините активности во Сирија, Украина и Либија и наводно кршење на човекови права.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската унија

Муртезани: Брисел не гледа со оптимизам, но не го отфрла целосно предлогот за уставни измени со одложено дејство

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

ВИДЕО: Историска грешка на ЕУ е што ја стави Македонија зад Албанија

Катерина Ѓуровски