Лидерот Шкупи со победа ја заокружи есенската полусезона во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ) триумфирајќи попладнево во Велес, во рамки на 18 коло, кое дополнително ќе биде комплетирано, откако поради лоши временски услови не се одигра натпреварот во Струга.
ПМФЛ – 18 коло:
Академија Пандев – Пелистер 1:0
Борец – Шкупи 0:3
Работнички – Македонија ЃП 1:2
Шкендија – Скопје 1:0
Струга – Ренова (одложено)
Тиквеш – Брегалница 1:3 (одиграно во сабота).
Табела: Шкупи 42, Академија Пандев 35, Шкендија 34, Брегалница 29, Ренова 27 (-1), Македонија ЃП 27, Струга 23 (-1), Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.