Изложба со фотографии „Момент“ во тетовскиот Центар за култура

Од:

Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово од вечерва е домаќин на колективната изложба на фотографии насловена „Момент“. Изложбата е со меѓународен карактер, а ја сочинуваат 60-тина фотографиии на уметници од Северна Македонија, Косово, Албанија, Германија и од Египет.

-Единствениот начин да се живее е да се прифати секој монет како неповторливо чудо, бидејќи моментот е таков и само фотографијата може да го направи тоа, така што нема потреба да објаснувате со зборови. Личноста што ги гледа фотографиите исто така мотивирана да размислува за тоа, за концептите: што е жанровска фотографија и репортажна фотографија. Тоа е еден вид метафора што треба да го привлече вниманието на гледачот, да го поттикне да размислува за она што е прикажано на сликата, да го натера да го развие својот став кон настанот што се опишува, истакна на свеченото отворање Артан Арслани, програмски раководител на Центарот за култура.

Изложбата е поставена во фоајето на Ценарото за култура, а ќе биде отворена до 31 декември.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола