СДСМ: Стоилковски лаже – суши, за работата на ЈП „Водовод и канализација“ постои ревизија која не констатирала ниедна неправилност

Од:

Од СДСМ реагираат на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да шири лажни вести и невистини во обид да спечали некој политички поен.

Денеска, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изнесе низа лаги и невистини за работата на Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.

Вистината е дека ниту еднаш за изминатите четири години директорот не користел средства за ресторантски услуги и кафе, за службен телефон и набавка на скапи мобилни телефони.

За работата на ЈП „Водовод и канализација“ постоја и ревизорски извештаи од страна на надворешни независни ревизорски куќи каде не се констатирани никакви неправилности во финансиското работење.

Очигледно е дека денешните изнесени лаги на Стоилковски се дел на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски