Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР ОКР Гази Баба вчера во 10:30 часот ги лишиле од слобода 54-годишниот Б.Т. и 30-годишниот Р.Ш., двајцата од Скопје, осомничени дека во текот на овој месец на подрачјето на Гази Баба извршиле две кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници.
При извршен претрес од полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба, по претходна судска наредба, информираа денеска од МВР, во домот кај Р.Ш. бил пронајден и одземен предмет со кој биле извршени кривичните дела.
– Б.Т. се барал по централна потерница од Казнено-поправна установа Затвор Прилеп за издржување затворска казна. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.