Раководството на ИМК „14-ти октомври“ од Крушевац го заврши обновувањето на својот хотел „Равниште“ на Јастрепц, во кое 1963 година престојуваше Јосип Броз Тито и од денес ова одмаралиште по 20 години започна повторно да работи.
-Први гости во реновираниот хотел ќе бидат претставници од Министерството за одбрана, односно од Воено-техничкиот институт-изјави за „Танјуг“ извршниот директор на „14-ти октомври“ Бранимир Вучетиќ.
Хотелот кој што 20 години воопшто не е користен за комерцијални цели се планира да работи цела година.
Елена Георгиевска