Реформа на Шенген зоната, пакт за миграцијата, одбрана на Европа… Ова се дел од приоритетите на шестмесечното француско претседателство со Советот на ЕУ, на почетокто на 2022 година, што шефот на француската држава Емануел Макрон вчера ги истакна на речиси двочасовната конференција за печатот.
Макрон се уште ја нема претставено својата програма за Франција и на четири месеци пред претседателските избори тој официјално се уште не е официјален кандидат , иако вчера ја испорача својата визија за Европа.
Набројувајќи ги многуте проекти што тој има намера да ги спроведе – реформирање на Шенген зоната, унапредување на миграцискиот пакт, забрзување на изградбата на европска одбрана, „фундаментален ремонт“ на односите меѓу стариот континент и Африканската унија, „Изградба на нов европски модел на раст“, „преиспитување на буџетската рамка“, помирување на економскиот развој и климатската транзиција, регулирање на дигиталниот свет, … Макрон, се чини, ги игнорираше вистинските прерогативи дадени од претседавањето со Советот на ЕУ, како и неговата привремена природата.
Особено затоа што, во случајот со Франција, времето во кое Париз ќе може да презема иницијативи ќе биде уште поограничено од вообичаеното – два и пол месеци – со оглед на должноста на резерва што му е наметната на Емануел Макрон и неговите министри како дел од француската изборна кампања. Без оглед на тоа, шефот на државата наведе и многу иницијативи кои се веќе напреднати – Комисијата треба да го претстави својот предлог за реформа на Шенгенскиот код следната недела – нацрт-директиви кои се добро напреднати – ова е случај со текстовите за минимална плата или за регулирање на дигиталниот простор – кои се долгорочни стратегии за кои ништо не вели дека ќе ја видат светлината на денот.
„Ротационото претседателство не е само хотелска функција, која се состои во организирање на советите на министри на 27-те и барање компромис меѓу земјите-членки за теми кои често ги делат“, изјави Емануел Макрон.
-Тоа е исто така функција на инспирација, активирање. Всушност, Елисејската палата размислува на големо и најави неколку самити и десетици состаноци во Франција, кои ќе бидат додадени на формалниот совет на министрите закажан во Брисел. Севкупно, планирани се околу 400 состаноци, главно во текот на првите три месеци од француското претседателство. Тие ќе почнат со говор на шефот на државата во Парламентот во Стразбур на 19 јануари.
На оние во Брисел и во европските престолнини кои стравуваат дека ќе го инструментализира француското претседателство со Советот на ЕУ во корист на сопствената кампања, шефот на државата јасно им порача дека нема намера да ги воздржува своите амбиции, но дека што е можно почесно би ја исполнувал својата улога.
-Демократскиот живот на нашата нација ќе биде тој што од крајот на април на овие теми ќе ги каже позициите што ќе ги има Франција. Можеби политиката на Франција ќе се промени, но сигурно, Франција ќе остане Франција, во секој случај. Ќе сторам се и ќе го сторам тоа во текот на следните месеци до изборите,додаде тој.
Од неговиот избор во 2017 година, прославен под звукот на европската химна „Одата на радоста“, Макрон е лидер на проевропејците против националистите и популистите.
-Кога ја браните Европа, мора целосно да ја браните. Не можете да кажете дека ја сакам Европа, но не ми се допаѓа нејзината правна градба, ја сакам Европа, но договорите не се применливи овде. Тоа е смешна Европа, рече тој, имплицитно критикувајќи ја крајната десница и крајната левица, но и десницата, која во последниве недели ги зголеми критиките кон институциите на заедницата.
Макрон, исто така, го искористи овој форум за да направи преглед на неговата европска акција и да си честита за напредокот постигнат од Европа за време на неговиот петгодишен мандат. Тој секако го спомна европскиот план за закрепнување од 750 милијарди евра, финансиран од заедничкиот долг за 27-те, прв во историјата на ЕУ, но и групното купување вакцини против Ковид-19, што им овозможи пристап на сите Европејци до вакцинација.
-Покажавме дека посилна, посуверена, пообединета Европа е добра за Франција, инсистираше тој.
Макрон има намера да го продолжи овој момент и се проектира во Европа како да мора да остане во Елисејската палата, по гласањето во април 2022 година. Така, на 10 и 11 март, тој ќе организира самит на ЕУ во Франција да изгради десетгодишна стратегија што ќе и овозможи на Европа да дизајнира нов модел на раст.
Соочен со предизвиците на дигиталните и климатските транзиции, Стариот континент ќе мора масовно да инвестира, инсистира тој. Ќе биде неопходно да се одлучи, тврди, дали тоа ќе се направи благодарение на поголем буџет на Заедницата, што евентуално би можел да се финансира со заеднички долг. Или со прибегнување кон буџетски третман на националните инвестиции што ќе овозможи да се избегнат ограничувањата на Пактот за стабилност и раст и критериумите од Мастрихт.
-Со децении живееме во буџетска и финансиска граѓанска војна, продолжи шефот на државата, осврнувајќи се на бескрајните борби меѓу северна Европа, предводена од Германија и поврзана со финансиската ортодоксија, и јужна Европа, повеќе штедливи.
„Ако сакаме Европа на целосна вработеност“, продолжи тој – и ако сакаме да веруваме во „Европа на невработеност, тоа би било војна“ – ќе мора да го смениме софтверот. Дури и ако Берлин со Ковид-19 кризата успеа да ги скрши табуата, во оваа фаза не е сигурно дека новиот канцелар Олаф Шолц, со кој Макрон денеска треба да се сретне, е подготвен.
Во реалноста, претседателот не сака да ја има оваа дебата за време на неговото претседателствување.
-Премногу е рано, изјави тој вчера, повикувајќи да се почека да се види што ќе даде европскиот план за закрепнување – чии средства почнаа да пристигнуваат во касата на државите – пред да се премине во следната фаза. Шефот на државата, исто така, знае дека во Франција оваа дебата е политички поткопана, меѓу десницата која ја оцрнува нејзиниот лаксизам и левицата која ја осудува нејзината ортодоксија