„Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“, овие зборови ги изговори Нил Армстронг на 21 јули 1969 година, кога стапна на месечината.
„Аполо 11“ била првата мисија со задача да ги спушти луѓето на површината на Месечината. Исто така, трета мисија во рамки на програмата „Аполо“ со човечка посада и трета мисија која летала кон Месечината.
Лансирањето на „Аполо 11“ во 1969-та година на 21 јули ја сочинувал трочлен екипаж, предводникот Нил Армстронг, пилотот на модулот Едвин Баз Олдрин и пилотот на командниот модул Мјакл Колинс.
Нивната задача била да се спуштат на месечината и да го крунисаат децинискиот напор на целата нација.
Армстронг на овој ден постанал првиот човек кој стапнал на Месечината, а набрзо се придружил и Олдрин. За тоа време Колинс бил во орбитата околу Месечината.
По оставањето на Американското знаме и честитката во живо од Ричард Никсон, во текот на два и пол часа поминати на месечината ги испробале разните стилови на чекори во слабата гравитација и поставиле неколку научни инструменти, со кои собрале 25 килограми прав и карпи.