Компанијата Тесла предводена од Илон Маск, продолжува да произведува необични гаџети.
Илон Маск, извршниот директор на Тесла, има способност да продава необични гаџети кои често имаат мала врска со основната дејност на компанијата.
Blow the whistle on Tesla!https://t.co/c86hLA0iQK
— Elon Musk (@elonmusk) December 1, 2021
Последниот пример е „Cyberwhistle“, со цена од 50 долари, а станува збор за колекционерски свирче во форма на сајбер камионот на Тесла (Cybertruck). Најинтересно е што свиречето веднаш се распродаде.
Cyberwhistle е врвен колекционерски предмет, изработен од медицински нерѓосувачки челик и полиран финиш. Свирчето може да се закачи, што му дава дополнителна функционалност.
Компанијата го планира овој производ веќе некое време – слично на случајот со даската за сурфање на брендот Тесла, по цена од 1.500 долари.
Cyberwhistle се распродаде само неколку часа откако беше пуштен во продажба и се чини дека Тесла ќе продолжи со производството на овој гаџет, според онлајн продавницата на компанијата.