НБА: Од 25 декември гласање за Ол-стар турнирот

Од:

Гласањето за стартните петорки на Ол Стар турнирот ќе почне на 25 декември, а ќе заврши на 22 јануари идната година, соопшти раководството на кошаркарската НБА лига.

Ол Стар натпреварот, 71. по ред, меѓу Источната и Западната конференција во НБА лигата, сезонава ќе се одржи во Кливленд, на 20 февруари, со почеток во 02.00 часот по средноевропско време.

Навивачите ќе можат да гласаат преку НБА апликацијата, сајтот на Лигата или преку Твитер

За време на четиринеделното гласање, навивачите ќе можат да пополнуваат по едно гласачко ливче на ден, како и да гласаат на дневна основа преку Твитер за најмногу десет кошаркари.

Покрај навивачите, својот глас за стартните петорки (два бека, два крилни кошаркари и еден центар) ќе можат да го дадат и новинари и играчи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ