По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена.
Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци.
Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.
Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека потврдата за прележан Ковид-19 ќе се издава само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега.
-Кога некој е позитивен дали со рапид или со селф тест ќе може да влегува во карантин, но за да има потврда за прележана болест ќе треба да направи ПЦР, објасни во четвртокот министерот за здравство на Грција.