Димовски: Условениот увоз на пченица и брашно останува на сила до стабилизација на пазарот

Од:

Мерката за условен увоз за пченица и брашно останува на сила до предвидениот рок до 31 декември годинава, односно се до стабилизирање на пазарот и редовниот откуп на македонска пченица и нема да претрпи никакви измени, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Појасни дека реципрочни мерки за македонските домати и вино од страна на Србија, која се најде најпогодена од мерката, и покрај најавите нема да има, пред се поради, како што рече, брзата реакција од македонска страна и цврстите аргументи за нејзиното воведување.

– Мерката не се однесува посебно за некоја држава, туку важи за сите земји. Изминатиот период имавме разговори со Србија која се јави како најзасегната страна. Искажавме аргументи со конкретни податоци и причини за воведување и тие се прифатени во целост. Взаемен е заклучокот дека до стабилизирање на пазарните услови и редовниот откуп на пченицата од годинешната реколта мора да се дојде за што е потребно да се применува мерката, рече на денешната прес-конференција Димовски.

Пазарот во Македонија, рече, е либерален, но државата е обрзана во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој да го заштити домашното производство. Согасно договорот од ЦЕФТА, како што појасни Димовски, во случај на пореметување на домашниот пазар за одреден производ државите членки имаат можност за заштитна мерка која ќе придонесе за регулирање на пазараните односи, и на понудата и побарувачката се до негово стабилизирање.

Според него, во изминатите 18 месеци во Македонија биле увезени околу 150 илјади тони пченица и над 70 илјади тони брашно. Тоа изразено во пченица би значело дека се увезени над 250 илјади тони од оваа култура, што, како што истакна министерот, е премногу за македонскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници