Приведен дилер за издржување затворска казна

Од:

Полициски службеници привеле лице од гостиварско Чегране, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 20:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле З.С.(46) од с.Чегране, гостиварско. Тој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, посочуваат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР