Авионите што ќе бидат закана за Олимписките игри и ќе ја доведат во опасност безбедноста на спортистите и посетителите ќе бидат соборени од британското Кралско воено воздухопловство (РАФ), објасни претставник на командата за одбрана на Лондон за време на Олимпијадата.
Ваквото предупредување доаѓа откако синоќа една минута по полноќ стапија во сила рестрикциите за користење на воздушниот простор над и околу Лондон, како и во реонот на југоисточна Англија, како една од виталните мерки за безбедност за Игрите, што поцнуваат за две недели.
“Зоната за забранети летови” (НФЗ) се однесува за сите видови приватни авиони и ќе биде во сила еден месец. Забранетата зона изнесува 54 километри и во неа се опфатени и сите главни лондонски аеродроми, Хитроу, Гетвик, Станстед и Лутон.
Според британските воздухопловни власти, воведени се нови, привремени коридори за приватните авиони, што ќе бидат во сила до средината на август. Во рамките на мерките за безбедност, во која е вклуцена британската армија, хеликоптери се префрлени во лондонската база Норхолт, што последен пат за безбедни операции е користена во текот на Вторатата светска војна. Во оваа база веќе се стационирани и борбените авиони Тајфун.
Во базата Илфорд, што е сосема блиску до Олимпискиот парк, во источен Лондон, се стационирани халеикопетрите Пума со снајперисти кои ќе ја надгледуваат областа околу олимписките терени и објекти. Во естуарот на Темза вплови носачот на хеликоптери Океан, а единици на британските маринци ќе ја надгледуваат реката. Ракетите земја-воздух, што имаат витална улога за одбраната на „олимпискиот воздушен простор“ веќе се поставени на четири, од определените шест локации.
Воведувањето „зона за забранети летови“ и рестрикциите во воздушниот простор на Лондон и неговата поширока околина не се однесуваат за комерцијалните патнички авиони.