Репрезентациите на Русија и на Бразил ќе се борат за златните медали на завршниот турнир во Светската лига 2013 во одбојка кој се одржува во аргентинскиот град Мар дел Плата.
Русија во првото полуфинале ја победи Италија со 3:1 (25:12; 25:23; 24:26 и 25:20). Со ист резултат, ноќеска во вториот полуфинален дуел Бразил ја совлада Бугарија.
По сетови 25:12; 25:17; 23:25 и 25:16. Финалниот дуел е закажан за вечерва во 1 часот по полноќ, а претходно од 21 часот и 30 минути за третото место ќе играат Италија и Бугарија.