Реакции од лозарите од општина Кавадарци кои не ги добиле субвенциите за минатата година.
Иако крајниот рок за исплатата на субвенциите кој го предвиде владата беше 30 јуни, сеуште е голем бројот на лозари кој не ги добиле своите пари за изминатата реколта.
Владата беше должна по закон да ги исплати сите субвенции во одредениот рок кој за жал и самата не го испочитува. Постојано кружат информации и реклами по медиумите како секојдневно се одлеваат пари од буџетот наменети за земјоделците. Меѓутоа ситуацијата на терен е сосема различна, објави порталот Мојот Град.
Во подрачната единица на министерството за земјоделие при општина Кавадарци во тек е аплицирањето за субвенции за насадена површина со лозов насад. Аплицирањето е наменето по основ 40000 денари за 1 хектар површина со лозов насад. Аплицирањето се одвива доста бавно, во тензична атмосфера и доколку имате голема среќа, ќе завршите работа истата ден.