Кривична пријава за дебранец за поседување дрога

Од:

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот, кај кого полициските службеници во јули годнава пронашле кокаин.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.И. (37) од Дебар. На јули годинава во 30 минути по полноќ, на главната улица „8 Септември“, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според полицијата Н.И. бил лишен од слобода, а подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом.

При претресот биле пронајдени и одземени електронска вага со остатоци од марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.

Би можело да ве интересира

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он