Рација во Охрид – инспектори од СВР, родители и медиуми на терен

Од:

Како се забавуваат младите во Охрид и каде излегуваат, беше целта на заедничката рација на полиција, инспектори и родители, која синоќа се реализира во повеќе кафулиња и ноќни клубови во Охрид. Очекувано, најчестите прекршоци на адолесцентите што ги затекнавме на терен беа пиење алкохол, пушење цигари и останување после полноќ.

„Оваа акција ја организираме по втор пат. Таа е дел од проектот „Мешани патроли“, во кои што покрај полициски службеници од СВР Охрид, присутни се и родителите.Ова е превентивен проект кој СВР го организира преку одделението за превенција, во соработка со сите инстанци на локално ниво, каде членуваат родителите преку советодавната група на граѓани преку училишните одбори, Новина е што годинава во проектот се вклучени и преставници од локалната самоуправа центарот за социјлни работи и дневниот центар за третман на деца на улица. Целта е родителите најдирекно да се запознаат со сите места и угостителските објекти каде излегуваат малолетниците“,вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.

Тој додава дека ова е уште еден обид на СВР да се приближат до граѓаните и со тоа да го зацврсти партнерскиот однос што го има со граѓаните. Димовски вели дека ефектите од овој проект минатата година биле извонредни.

И родителите кои беа дел од синоќешната акција задоволни од проектот на СВР.

„Имам две малолетни деца и како родител ме интересира каде излегуваат со кое друштво, што прават.Ова е едно огромно искуство заедно со полицијата да видиме каков е животот на младите во Охрид. Отприлика знеме што се случува и на некој начин мислиме дека е нормално во овие услови и за тие години“, вели Елизабета Протуѓер.

Охрид во шпицот на сезона е најпривлечен токму поради богатиот ноќен живот, велат младите.

Синоќа во Охрид акција имаше и криминалистичката полиција во содејство на државниот пазарен инспекторат, заедно ги чешлаа угостителските објекти.

Рацијата на родители и полиција, втора по ред во Охрид е дел од проектот “Мешани патроли ”, кој од лани го спроведува МВР, во повеќе градови во земјава.

Како се забавуваат младите во Охрид и каде излегуваат, беше целта на заедничката рација на полиција, инспектори и родители, која синоќа се реализира во повеќе кафулиња и ноќни клубови во Охрид. Очекувано, најчестите прекршоци на адолесцентите што ги затекнавме на терен беа пиење алкохол, пушење цигари и останување после полноќ.

„Оваа акција ја организираме по втор пат. Таа е дел од проектот „Мешани патроли“, во кои што покрај полициски службеници од СВР Охрид, присутни се и родителите.Ова е превентивен проект кој СВР го организира преку одделението за превенција, во соработка со сите инстанци на локално ниво, каде членуваат родителите преку советодавната група на граѓани преку училишните одбори, Новина е што годинава во проектот се вклучени и преставници од локалната самоуправа центарот за социјлни работи и дневниот центар за третман на деца на улица. Целта е родителите најдирекно да се запознаат со сите места и угостителските објекти каде излегуваат малолетниците“,вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.

Тој додава дека ова е уште еден обид на СВР да се приближат до граѓаните и со тоа да го зацврсти партнерскиот однос што го има со граѓаните. Димовски вели дека ефектите од овој проект минатата година биле извонредни.

И родителите кои беа дел од синоќешната акција задоволни од проектот на СВР.

„Имам две малолетни деца и како родител ме интересира каде излегуваат со кое друштво, што прават.Ова е едно огромно искуство заедно со полицијата да видиме каков е животот на младите во Охрид. Отприлика знеме што се случува и на некој начин мислиме дека е нормално во овие услови и за тие години“, вели Елизабета Протуѓер.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство