Први случаи на сојот Омикрон во Русија, во Аргентина и во Непал

Од:

Во Русија, во Аргентина и во Непал денеска се потврдени првите случаи на сојот Омикрон на коронавирусот, а за време на викендот во Индија регистрирани се 21 случај на зараза.

Во Русија сојот Омикрон е потврден кај двајца патници кои се вратиле од Јужноафриканската Република.

И во Аргентина е регистриран сојот Омикрон кај лице кое допатувало од ЈАР на 30 ноември. Тој имал примено две дози вакцина против Ковид-19.

Во Непал денеска се потврдени два случаи на зараза со сојот Омикрон. Двете лица биле во контакт со 66 луѓе, но засега никој од нив не е заразен.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот