ВМРО-ДПМНЕ: За да продолжат тендерите и богатењето на кланост на власт, Заев е подготвен да потпише се што ќе му се стави на маса

Од:

„Премиерот во заминување Зоран Заев за да продолжи со криминалот, тендерите и разнебитувањето на државата е спремен да ја плати секоја цена“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„За да не запрат тенедерите и богатењето на кланот на власт, Зоран Заев ја стави и својата партија во заложништво. Спремен е да прифати се што ќе му се стави на маса.

Заев повторно манипулира со чувствата на граѓаните, мешајќи се и во судсата власт, а позади ваквите изјави и договри помеѓу партиите од власта во која сега е и Алтернатива стојат само поделбите на државните функции кои имаат за цел на богатење на поединци.

Секогаш кога се одвива некаква кражба или продажба на државните интереси власта ја врти темата кон националната реторика, ревизија на судските случаи и безбедноста на државата.

До кога помалите политички партии кои се дел од власта ќе бидат слепи послушници на криминалот, неправдите и политичките договори кои се на штета на државата и сите граѓани.

Граѓаните не треба да наседнуваат на спектаклите кои ги прават СДСМ, ДУИ и Алетернатива, бидејќи нема ништо да се смени на подобро а Македонија и понатаму ќе биде на дното на сите извештаи како најкорумпирана и најкриминална држава.

За излез од кризата во која ја втурна Зоран Заев, не се коалиции од лична корист, туку брзи предвремени парламентарни избори. Граѓаните заслужуваат промени и подобар животен стандард“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче