Алтернатива влегува во Владата, парламентарното мнозинство се зголеми за четири пратеници

Од:

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови, било одлучено опозициската партија тие да се придружат кон парламентарното мнозинство со четири пратеници. Нема одговор од Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, кои ресори ќе ги превземат нивните кадри. Договорот меѓу Алтернатива и СДСМ ќе се потпише утре.

„Следуваат внатрепартиски договори, по што ќе се предложат кадровски решенија. Со апсолутно мнозинство донесовме одлука да влеземе во Владата. На денешникот состанок не се зборуваше за кадровски решенија“, кажа портпаролот.

Според Алтернатива, причини за приклучување кон владиното мнозинство се преговорите кои според нив треба да почнат со Европската Унија, но и решавање на спорот со Бугарија. Овие причини, според Централното собрание, се историски и причина за влез во Влада.

„Претстои значително сензитивен период за одблокирање на преговорите со ЕУ. Затоа дадовме шанса на стабилноста. Со влегувањето во влада, кога се соочуваме со политички грч, АлтернАтивА сакаше и успеа да докаже дека не само што е клучот за решавање на оваа криза, ниту само декор со четири пратеници, туку таа ќе преземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси. Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата велат од Алтенратива.

Посочија дека ќе се бара и меѓународна поддршка за судските случаи како што се „Монструм“, случајот за прегазувањето на Алмир Алиу и други.

-Дополнително, се договоривме владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација, како што се: Монструм, Алфа, Дива Населба, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на правичниот регионален развој, економскиот развој на Липковско, заштитата на семејството како јадро на општеството, што е нашата основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата, која е исклучително важна во ова време рече Муртезани.

Воедно, соопштија дека нема раскинување со коалицијата со Алијанса на Албанците на Зијадин Села, која останува во опозиција.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски