Р.Р. Мартин го замислувал Железниот трон сосема поинаку

Од:

Авторот на серијата книги „Песна за лед и оган“ Џорџ Р.Р. Мартин според кои е создадена серијата на HBO, „Game of Thrones“ преку блог објасни дека изгледот на Железниот трон во серијата воопшто не одговара на неговата замисла.

„Тронот на HBO стана иконски. Има неверојатен дизајн и одлично му послужи на шоуто. Но, сепак не е правилно направен. Тоа не е Железниот трон кој го замислувам додека ја пишувам The Winds of Winter. Тоа не е Железниот трон кој сакам читателите да го видат. Начинот на кој тронот е опишан во книгите е огромен, црн и извртен со стрмни скали однапред и високо седиште од каде кралот гледа долу кон сите во просторијата“.

Тој го опиша тронот како „грд и асиметричен“, а за да ја прикаже својата идеја објави цртеж подготвен од францускиот уметник Марк Симонети кој одговара на неговата замисла.

kako-rrmartin-go-zamisluva-zhelezniot-tron-141147

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ