Од производните ленти на компанијата „Ауди“ за 17 години се симнаа три милиони примероци од моделот „А3“.
„Ауди“ сака да истакне дека неговиот модел „А3“ е зачетник на сегментот компактни премиум автомобили. И навистина, кога во 1996 година беше лансиран, хечбегот на „Ауди“ тој немаше достоен конкурент на пазарот на премиум производители. „БМВ“ и „Мерцедес“ реагираа значително подоцна со своите адути во оваа класа.
По успехот што го постигнаа првите две генерации, третата беше претставена на авто-салон во Женева во 2012 година. По верзијата со три врати, во септември лани стигна и Спортбек моделот, а најновата генерација „Ауди А3“ е првата која доби и седан верзија.
Кабриолетот е најавен за Саемот на автомобили „Франкфурт 2013“.
Јубилејниот примерок е бел „Ауди А3 Спортбек 2.0 ТДИ кватро“, а е произведен во фабриката во Инголштат во Германија.