Откако лидерот на Австриската народна партија (ОВП) Себастијан Курц најави повлекување од политиката и после најавата на актуелниот канцелар Александер Шаленберг дека функцијата ќе ја препушти на идниот лидер на ОВП, и министерот за финансии Гернот Блимел вечерва најави дека поднесува оставка.
Блимел се води како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истражувања.
Се шпекулира дека ОВП не сака да чека да види дали ќе се појават дополнителни онлајн разговори кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел.
Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата лидер на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии.
Во австриската влада може да дојде до дополнителни промени во владата, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членки на владата кои биле многу блиски со Курц.