Иран поднесе нацрт-предлог за укинување на санкциите

Од:

Иран ги предаде нацрт-предлозите за укинување на санкциите и почитување на своите обврски на европските сили вклучени во разговорите за спасување на нуклеарниот договор, изјави водечкиот ирански преговарач, додека светските сили и Техеран се обидуваат да го оживеат договорот.

Информацијата доаѓа на четвртиот ден од индиректните разговори меѓу Иран и САД за целосно враќање на двете страни на договорот.

Разговорите продолжија по петмесечна пауза предизвикана од јунскиот избор на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој се смета за антизападен политичар.

– Предадовме два нацрт-предлози. Се разбира, тие треба да ги проверат текстовите што им ги дадовме и ако се подготвени да ги продолжат разговорите, ние сме во Виена да ги продолжиме, изјави Али Багери Кани, шеф на иранскиот преговарачки тим и заменик министер за надворешни работи.

Европски дипломат во Виена потврди дека Иранците доставиле нацрт-документи до европската страна.

Според договорот, Техеран ја ограничи својата програма за збогатување ураниум како можен начин за создавање нуклеарно оружје во замена за олеснување на економските санкции, иако Иран тврди дека се обидува да произведува нуклеарна енергија само за цивилни цели.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он