Кина го повика на итен разговор јапонскиот амбасадор поради изјава на Абе за Тајван

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика денеска на итен разговор јапонскиот амбасадор во Пекинг, откако поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе изјави дека неговата земја, како и САД, не би можеле да се воздржат доколку Кина го нападне Тајван.

Кинескиот помошник министер за надворешни работи Хуа Чунјинг ги нарече погрешни зборовите на Абе, како и кршење на основните норми во односите меѓу Кина и Јапонија, за време на средбата со јапонската амбасадорка Хиде Таруми, се наведува во соопштението на кинеското МНР.

„Коментарите на Абе „отворено го доведуваат во прашање суверенитетот на Кина и им дадоа поддршка на независните сили во Тајван“, додаде Хуа.

„Кина одлучно се противи на ова“, соопшти Министерството, додавајќи дека Хуа испратил протестна нота до Јапонија.

Говорејќи на виртуелниот форум организиран од Тајван во средата, Шинѕо Абе рече дека вооружената инвазија на островот ќе претставува голема опасност за Јапонија.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз