„Шрапнели летаа стотици метри“: Експлозија на бомба го потресе Минхен, има ранети

Од:

Експлозија се случила во близина на железничката станица во Минхен, соопшти германската полицијата.

Експлозијата се случила за време на градежните работи на станицата Донерсбергербрук.

Според „Билд“, четири лица се повредени, од кои еден потешко.

Медиумите јавуваат дека бомбата што експлодирала била авионска бомба од Втората светска војна и тешка 250 килограми.

Работниците случајно ја активирале бомбата додека работеле со бормашина.

Таа информација ја потврди и германскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман.

„Експлозијата беше толку силна што шрапнелите од бомбата прелетаа неколку стотини метри во дијаметар“, рече тој.

Тој рече дека во моментов се истражува целата област.

На местото на експлозијата има најмалку педесетина припадници на различни служби, од полицајци до пожарникари, а полициски хеликоптер кружи над центарот на градот.

Железничкиот сообраќај е запрен, а полицијата соопшти дека „нема опасност надвор од околното подрајче“.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД