Шиндлеровата листа понудена на иБеј за три милиони долари

Од:

Оригиналниот список на Евреите кои германскиот индустријалец Оскар Шиндлер ги спасил од Холокаустот во Втората светска војна се најде на веб страницата на сајтот за аукциска продажба иБеј, со почетна цена од три милиони долари.

Списокот од 14 странички, со имињата на 801 лица, отчукан на машина за пишување, првобитно беше во сопственост на Исак Штерн, десната рака на Шиндлер, соопшти Гери Зимет, застапник на продавачот на реткиот документ.

– Внукот на Штерн го продаде пред околу три години на сегашниот сопственик, кој документот го купи како некој вид инвестиција, рече Зимет. Тој не сакаше да изнесува повеќе детали за сегашниот сопственик на реткиот документ.

– Не очекувам никакви понуди до последниот ден, или уште поверојатно до последните пет до десет минути до истекот на лицитацијата, која изминува на 28 јули во 18 часот по локално време во Лос Анџелес.

Зимет и неговиот партнер Ерик Газин одлучиле Шиндлеровата листа да ја понудат на иБеј поради глобалниот опсег на таа страница.

Шиндлер ги спаси животите на околу 1200 Евреи, кои за време на Втората светска војна работеле во неговите фабрики на териториите на денешна Полска и Чешка. Почина во анонимност во 1974 година во Западна Германија, во 66-та година од животот.

Неговата приказна беше тема на познатиот филм на Стивен Спилберг „Шиндлеровата листа“, снимен во 1993 година.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ