ВИДЕО: Заев без изјава, Гаши тврди дека нема да разговараат за кадровски решенија

Од:

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде и на лидерската средба со Зоран Заев. Без никакви детали околу тоа што ќе се разговара денеска, тој само искоментира: „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“. На прашањето за што ќе се разговара денеска, Гаши не одговори и влезе во салата каде ќе се одржи средбата.

За разлика од Гаши, лидерот на СДСМ, Зоран Заев како и минатиот пат, помина покрај новинарите и рече: „Нема да дадеме изјава. Ќе има соопштение“. И на ова средба, како и на претходната, Заев беше придвижуван од заменик-министерот за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ и Алтернатива се договорија за програмскиот концепт, а сега, останува да се договорат за кадровските решенија, информираа и од Владата пред два дена по првата средба. Новата средба на Гаши и Заев доаѓа по партиските консултации кои ги направија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Не помина интерпелацијата за Африм Гаши

Мицкоски: Нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието

Горан Наумовски

Влен: Интерпелацијата на Гаши e бесмислена

Левица: ДПМНЕ, ЗНАМ И СДС да се вразумат и да ја поддржат интерпелацијата за Гаши

Позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба, велат од ВМРО-ДПМНЕ