Владата бара кризната енергетска состојба да трае до јуни идната година

Од:

Владата ќе достави до Собранието на Република Северна Македонија Предлог-одлука за продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните шест месеци, односно до 9. јуни 2022 година.

На денешната 123-та седница на Владата, што се одржала преку интернет комуникациска врска, бил утврден текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

– Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Би можело да ве интересира

Кризна состојба и портокалова фаза поради жештините и пожарите

Поради пожарите и топлотниот бран, Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

A1on

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија

Од август кризна состојба во енергетскиот сектор за да се обезбедат средства за грејната сезона

A1on

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Катерина Ѓуровски

Од Владата се бара да прогласи кризна состојба

A1on