Инфлацијата во Австрија достигна рекордно високо ниво

Од:

Инфлацијата во Австрија минатиот месец достигна 4,3 отсто, што е ниво кое последен пат е забележано во 1992 година.

– За споредба, во октомври инфлацијата изнесуваше 3,7 отсто, а со 4,3 отсто е на нивото кое последен пат беше забележано во мај 1992 година, изјави генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Томас.

Инфлацијата првенствено е поттикната од повисоките цени на горивата и енергијата.

Во соседна Германија, инфлацијата во ноември надмина пет отсто, првпат по 30 години, на 5,2 процента. Инфлацијата во еврозоната е, исто така, на највисоко ниво од 1997 година, минатиот месец изнесуваше 4,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг