Работни места кои штетно влијаат на мажите

Од:

Во едно истражување од областа на професионалната и општествената медицина било испитувано влијанието на работното место на таткото врз здравјето на неговите деца.

Резултатите покажале дека поголем дел од мажите кои работат поспецифични активности имаат деца со вродени маани. Особено е важно таткото да има правилен начин на живот и лесна работа три месеци пред зачнување на детето и првиот месец од бременоста.


Седење цел ден

Според истражувањето оние татковци кои работат канцелариска работа и постојано седат почесто имаат деца со аномалии на екстремитетите. Тоа се должи на покачената температура на тестисите која ја оштетува спермата и предизвикува несакани појави.

Работа во градина

Работата со почва може да предизвика гастроинтестинални проблеми кај децата. Тоа се должи на пестицидите кои се користат. Отакако ќе дојдат во контакт со кожата тие лесно можат да предизвикаат оштетување на спермата. Ако немате друг избор, најдобро е да се потрудите да ја намалите опасноста. Веднаш отстранете ја облеката од вас, туширајте се почесто, особено веднаш после употреба на хемикалии, не седнувајте во автомобил или дома со валканата облека.

Сликар

Маслата за сликање и боите кои се користат преку дишните патишта и кожата навлегуваат во организмот, а дел од нив можат да предизвикаат и оштетување на спермата. Најчести проблеми кои се јавуваат кај децата на уметници се во врска со устата, очите, стомакот, екстремитетите и срцето. За да ја намалите опасноста почесто правете пауза во добро проветрена просторија.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ