Блумберг: Најстресно се живее во Нигерија

Од:

Жителите на Нигерија се најизложени на стрес, а најмалку во Норвешка, покажуваат резултатите од истражувањето на „Блумберг“.

Нигерија како земја во која најстресно се живее е на прво место со оценка од 70,1, потоа следи Јужна Африка со 70 поени. Во првите пет се и Салвадор (57,6), Монголија (55,4) и Гватемала (55,1).

Истражувањето било спроведено во 74 држави.

За определување на нивото на стресот биле пресметани низа фактори, како што е бројот на убиства на 100.000 луѓе од населението на државата, просечниот приход, социјалната нееднаквост, нивото на корупција, стапката на невработеност, животниот век, како и загаденоста на воздухот во градовите.

Анкетата покажува дека Норвешка е земја во која нивото на стрес е најниско (5,4), потоа следи Луксембург (7,1) и Швајцарија (9,2).

Нивото на стрес во САД изнесува 25,7 поени, во Велика Британија 24,6, Франција 22,8 и Германија 16,6.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ