Папата Франсис денеска формира специјална комисија, која ќе треба да ги разгледа мерките неопходни за реформа на „економско-административните структури“ на Ватикан.
Наредбата за формирање на новиот орган е потпишана лично од поглаварот на Римокатоличката црква.
Комисијата за својата работа директно ќе го информира папата, ќе го советува за економските прашања и подобрувањето на транспарентоста и ќе гарантира за правилната примена на сметководствените стандарди.
Таа е дел од сеопфатната реформа на Куријата и на централните органи на Католичката црква, што ја почна папата Франсис.
Новиот орган ќе почнува со работа на почетокот на август.
Папата Франциско веќе формира и посебна комисија која ќе треба да изработи план за реформирање Институтот за религиозни работи, какп што што гласи официјалното име на банката на Ватикан, која исто како и самата Католичка црква, беше потресена од скандали за време на понтификатот на претходникот на Франциско, папата Бенедикт Шеснаесетти.