Јанакиески: Нема да одземаме земјиште на црквата без да дадеме надомест

Од:

На никој насилно нема да му биде одземен имот во Љубљништа, а ако има земјиште на црквата ќе следи надомест.

Вака реагира министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски по реакцијата на митрополитот дебарски-кичевски дека МПЦ нема намера да продава земјиште за бизнисите на Субрата Рој.

– Согласно законот, туристичката развојна зона е од јавен интерес и кога некоја област се урбанизира за јавен интерес се води постапка за експропријација така што нема насилно на никого да му одземаме имот, туку при реализацијата на стратешките проекти како што се туристичка развојна зона, изградба на автопат, железничка пруга или гасовод, ќе ги почитуваме законските прописи во државата.

– Прво треба да се определи опфатот, а потоа да видиме дали тој опфат ќе има земјиште на црквата или не. Доколку има земјиште на црквата ќе ги почитуваме сите законски прописи и на никој нема да му биде одземен имот како што и досега оваа Влада нема одземено имот, без да се даде определен надомест, рече Јанакиески.

Против ваквото одземање на земјиштето по цена која е далеку под пазарната се и жителите на Љубаништа кои изјавуваат дека досега никој со нив не се сретнал.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство