Додека европските влади размислуваат за нови мерки за борба против коронавирусот и за зголемување на бројот на вакцинирани, Палацо Адријано, мал град на падините на сицилијанската Монте дел Роуз, има стапка на вакцинација која им пркоси на математичките закони.
Во овој град вакцинирани се 104 отсто од населението, а експертите објаснуваат како е тоа можно.
Вакво нешто е можно бидејќи бројот на вакцинирани, теоретски, може да биде поголем од 100 проценти доколку во него се вакцинираат и луѓе кои не се жители на тој град.
Така е и со Палацо Адријано, каде најголемиот дел од населението веќе е вакцинирано со третата доза од вакцината против коронавирус.
– Изгледа како невозможна статистика, но во Палацо Адријано живеат луѓе кои официјално не се жители на градот, а кај нас доаѓаа да се вакцинираат и луѓе од околните села – гордо вели градоначалникот Николо Грана.
Салваторе Спата, советник за култура во градот, вели дека ситуацијата била најтешка во март минатата година, кога свештеник од друг град заразил дел од населението.
– За среќа, тогаш веќе беше започната кампањата за вакцинација. На почетокот таа одеше по препорака, секој ден на овој плоштад поминува барем по еден претставник од секое семејство. Тие блиски контакти на роднини и пријатели ги искористивме за промовирање на вакцинацијата. Требаше само да ги известиме сите што ќе ги видиме и да ги потсетиме да се вакцинираат, а следниот ден нивните роднини да се појават на ред за вакцинација – рече тој.
Градоначалникот вели дека било како прослава во центрите за вакцинација.
– Беше како на популарен градски фестивал. Луѓето сфатија дека вакцините создаваат штит кој ќе ја заштити нивната заедница, вели градоначалникот.
Властите формираа и Whats App група преку која граѓаните се информираа за вакцинацијата, ги демантираа лажните вести и ги уверуваа жителите дека вакцините се безбедни, пишува Гардијан.
– Убеден сум дека ако ширевме лажни информации за опасностите од вакцините, денеска ќе бевме тука, а јас ќе ви зборев за десетици смртни случаи кај нас – рече градоначалникот.