(ВИДЕО) Ковачки: Заев си оди, заевизмот останува, СДСМ нема да избере лидер, туку заштитник на криминалот на Заеви

Од:

„Заев си оди, т.н. заевизам останува, СДСМ нема да избере лидер, туку заштитник на криминалот на Заеви и продолжување на заевизмот. Синоќа СДСМ приреди театар, со кој зад завесите се избира маша и продолжена рака на Заев. На Заев му треба човек преку кој ќе продолжи т.н. заевизам и ќе ги штити бизнисите на семејството Заеви“, рече Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ не избира, Заев избира. Тој веќе им одбрал кандидат кој што членовите на таа партија треба само да го изгласаат.

Однапред се знае кој ќе биде наследник на Заев. На Заев му треба човек кој што ќе продолжи да го брише Вице од кривични пријави кога е жив фатен и пријавен во рекетирање на фирми.

Му треба човек кој ќе продолжи да ги штити Драги Рашковски и Ден Дончев. Заев на чело на СДСМ ќе постави човек кој ќе молчи за нерасветлените провизии на Филипче.

Заев ќе продолжи да ја контролира СДСМ и затоа само за неколку дена ќе избираат кандидати. Со наводното заминување не може да прикаже друга реалност. Народот е сиромашен.

Пет години неговите структури прават криминал, не само тој лично туку и целиот тим луѓе околу него се виновни за неодговорноста и трагедиите со загубени човечки животи, за инфлацијата и намалениот стандард, за повисоките сметки за струја на фирмите, за кризата која им се заканува на граѓаните и воопшто за нефункционирањето на системот, затоа што целиот систем работеше за мафијата, а не за народот.

Не е доволно Заев да не биде премиер и претседател на СДСМ, потребни се предвремени избори и нова влада за работите да почнат суштински да се менуваат“, изјави Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски