Приведен крадец во Шутка, украдените премети вратени на сопственикот

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведен крадец во Шуто Оризари, а одземеното е вратено на сопственикот.

„На 25.11.2021 околу 14.30 часот во Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(46) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот на ул.„Индира Ганди“, поточно во „Европа пазар“ одзел повеќе предмети од Т.М.(29) од Скопје. Во службен разговор со полициски службеници тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР