Алтернатива одлучува дали ќе биде дел од владината коалиција

Од:

Централното претседателство на Алтернатива вечерва на седница одлучува дали партијата ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.

Членовите на Централното претседателство треба да му дадат насока на Централното собрание, највисокиот орган на партијата, кое треба да донесе финална одлука.

Дел од пратениците на Алтернатива сметаат дека доколку нивната партија донесе одлука да стане дел од Владата, услов треба да биде давањето предност на програмата на партијата, пред позициите во власта.

Партискиот лидер Африм Гаши во интервју за денешна „Политика“ најави дека во носењето на одлуките Алтернатива ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во Северна Македонија, како и државните интереси.

– Ако во преговорите видиме дека Зоран Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност, истакна Гаши.

Тој минатата недела имаше средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот Алтернатива, која има четири пратеници, да биде дел од владината коалиција, со што би се зголемило и владејачкото мнозинство во Собранието.

Пратениците на Алтернатива беа потписници на иницијативата за недоверба на Владата, но откако Кастриот Реџепи од Беса не дојде на седницата пропадна овој обид на опозициските партии. Сега, Заев се обидува да го зголеми мнозинството во Собранието со што наместо 61 пратеник би имало 65. Тоа би овозможило зајакнување на позициите на мнозинството и стабилна Влада.

Би можело да ве интересира

Левица: Гаши по стапките на Џафери, се попречува правото на пратенички прашања на Левица

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

„Левица“ поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието заради блокада на законот за бранители

Катерина Ѓуровски

Левица поднесе преставка за Гаши до Антикорупциска зошто ја носел сопругата во Вашингтон на службено патување

Гаши: Комисијата за социјална политика ќе треба да одлучи за Законот за бранителите

СДСМ бара Гаши да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски